По средбата на Лапорта со Чеферин, Барселона ќе избегне суспензија од ЛШ

Шпанскиот гигант Барселона се очекува да не добие суспензија од УЕФА за настап во Лигата на шампионите по состанокот кој се случил во Словенија меѓу претседателот на клубот од „Камп Ноу“ Жоан Лапорта и првиот човек на евро-фудбалот Александер Чеферин. УЕФА сакаше да почне своја сопствена истрага за случајот „Касо Негреира“ во кој Барселона е обвинета за подмитување на судиите. Се шпекулираше дека казната може да биде забрана за настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Лапорта заедно со агентот Пини Захави отпатувале во Словенија на состанок со Александер Чеферин.

Информациите на каталонскиот весник „Спорт“ велат дека Лапорта го замолил Чеферин да не почнуваат истрага пред да заврши судскиот процес во Шпанија за овој случај.

Наводно Чеферин се сложил со тоа и ветил дека нема да има истрага пред да заврши процесот во Шпанија.

Со оглед на финансиската ситуација во која се наоѓа, учеството на Барселона во Лигата на шампионите е од исклучителна важност, па Лапорта не сакал да остави ништо на случајот и токму затоа отишол на состанок со Чеферин.

Треба да знаете
Последни објави