Се одржа првиот модул од програмата „Future is Feminist“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и СИГА

Во средата, во Скопје започна првиот модул од програмата „Future is Feminist” во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и во соработка со Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој – SIGA.

Преку програмата, девојките и жените ќе научат како да напредуваат, водат и служат на демократските процеси, но и како да целат на професионален план, без разлика дали станува збор за кариера во бизнисот или, пак во политиката.

Целта на „Future is Feminist” е да се детектираат и обучат младите девојки како да ги зајакнат своите лидерски вештини за да го менуваат општеството на подобро.

На првиот модул „Интегритет и управување со човечки ресурси” учество земаат проект координаторката во Фондацијата Фридрих Еберт Нита Старова, директорката на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој СИГА Мила Царовска, експертката за комуникација и медиа од Албанија Едлира Џони и извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска.

Оваа програма претставува серија на обуки што треба да обезбеди разбирање и вештини за управување со човечки ресурси, буџет, приоритети и време, како и продлабочени знаења за принципите на женското владеење.

Треба да знаете
Последни објави