Артета: Арсенал и натаму ќе се бори за титула, и тоа не е променето

Арсенал вчера одигра нерешено на домашен терен со „фенерџијата“ Саутемптон во најновото коло во Премиерлигата, и си ја загрози судбината околу титулата. Тоа беше трето последовно реми за „топчиите“, откако во претходните два натпревари против Ливерпул и Вест Хем имаа водство од по 2:0, но не го искористија.

Сега се е во рацете на нивниот ривал Манчестер Сити, кој треба да ги добие двата заостанати меча, и да го престигне Арсенал на табелата.

Одлучувачки може да биде натпреварот за четири дена, каде што граѓаните го пречекуваат Арсенал на свој терен, а ако го добијат, тогаш ќе бидат во пол позиција за одбрана на трофејот.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изрази незадоволство до резултатот на натпреварот со Саутемптон, но во исто време истакна задоволство од тоа како успеале неговите момци да се вратат од негатива, а на крајот имаа шанса и да го добијат мечот.

-Секако дека не сме задоволни од резултатот. Повторно ја искомпликувавме ситуацијата во која се наоѓаме, но овие грешки се дел од играта. Сепак, го сакам мојот тим повеќе од кога било поради начинот на кој тие реагираа на она што се случуваше. Создадовме доволно шанси, но не ги реализиравме, што е разочарувачки. Сепак, реакцијата на нашиот млад тим беше неверојатна, убаво беше да се види како создаваме шанси и покажуваме карактер. Можам да кажам дека ги сакам моите играчи. Ние губиме и тие сакаат да победат повеќе од кој било друг, рече Шпанецот.

Артета истакна дека Арсенал и натаму ќе се бори за титула, и тоа не е променето.

-Нашата битка за титула останува непроменета. Сега задачата ќе биде уште поголема, ќе треба да ги правиме работите поедносавно и да ги сведеме грешките на минимум. Тогаш можеме да очекуваме победи во натпреварите. Натпреварот со Манчестер Сити нема да биде финале, затоа што после тој меч има уште шест меча. Загриженоста ми е што во овој момент играчите се психолошки во пад. Во фудбалот се прават грешки, но мора брзо да се заборават и да се фокусираме кон она што следува. Ние сме млад тим, реагираме неверојатно и натаму сме првопласирани, и уживање беше да се гледаат последните мигови од мечот со Саутемптон кога успеаја да се вратат, а на крајот се бореа и за победата. Јас ги сакам“, рече Артета.

Треба да знаете
Последни објави