Нурс повеќе не е тренер на Торонто

Ник Нурс повеќе не е тренер на нба-лигашот Торонто репторс.

Нурс ја напушти функцијата на која беше од 2018 година.

Педесет и петгодишниот Американец беше прогласен за најдобар тренер во регуларниот дел од сезоната во сезоната 2019/20.

Оваа сезона Торонто заврши на 9. место во Источната конференција со скор 41:41. Во фазата на плејин, тимот загуби од Чикаго и не се пласира во разигрувањето за трофејот. 

Треба да знаете
Последни објави