Тухел: Изгледаме како тим кој веќе одигра 80 натпревари, немаме енергија, не знам зошто

Томас Тухел лошо ја почна својата авантура во Баерн Минхен, денеска загуби во Бундеслигата од тимот на Мајнц со 3-1.

Откако Тухел го презема кормилото на Баерн Минхен, тие испаднаа од Купот на Германија и од Лигата на шампионите, а сега доживеаа незгоден пораз и во Бундеслигата од Мајнц.

„Очигледно не можеме да играме без индивидуални грешки и недостаток на концентрација. Ни недостига енергија да се справиме со неуспесите. Во моментов изгледаме како тим кој веќе одигра 80 натпревари во сезоната, изгледаме исцрпено. Бодовите минуваат како песок низ нашите раце. Секој се бори со себе. Немаме енергија, не знам зошто. Многу е тешко, вели Тухел.

Треба да знаете
Последни објави