Го немаше Џоел Ембиид, но Филаделфија покажа колку е подобра од Бруклин во четвртиот меч од првото коло на НБА плеј-офот.
Серијата заврши, Сиксерси одат во полуфиналето на Истокот со 4:0 – ја остварија последната победа во „Барклис Центар“ 96:88.
Ова е прв пат од сезоната 1984/85. Филаделфија да добие плеј-оф серија во четири победи.
Нетси имаа двоцифрена предност во првото полувреме, но тимот на Док Риверс направи пресврт во третата четвртина и на крајот одбрани сигурна предност.
Тобајас Харис ја предводеше Филаделфија со 25 поени и 12 скока, Џејмс Харден постигна 18, со 11 асистенции и седум украдени топки, Тајрис Мекси учествуваше со 16 …
Кај Бруклин се истакна Спенсер Динвиди со 20, Николас Клакстон постигна 19.
Во полуфиналето Филаделфија ќе игра со подобриот од сериите Бостон и Атланта.
Селтикси водат со 2:1.