Фирмино од „Енфилд“ се сели на „Ноу Камп“

Бразилскиот репрезентативец Фирмино по осум години летово ќе си замине од таборот на Ливерпул, но ќе продолжи да игра на највисоко ниво со оглед што кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона, која речиси сигурно ќе биде шампион во Шпанија.

Тој на „Камп Ноу“ ќе пристигне како слободен фудбалер, односно без отштета што е и тоа како примамливо за каталонците со оглед на големата финансиска криза во која се наоѓаат.

Фирмино со Ливерпул триумфираше во Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот, како и на Светското клупско првенство, откако во 2015 година пристигна од Хофенхајм.

Бразилецот одигра вкупно 360 натпревари за „црвените“ и постигна 109 гола, со што стана миленик на навивачите.

Треба да знаете
Последни објави