Халанд го откри неговиот „магичен пијалок„-Норвежанецот користи специјални техники за циркулација, а троши дури 6.000 калории дневно

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд не престанува да ја восхитува целата фудбалска јавност. Со головите против Баерн во Лигата на шампионите стигна до бројката од 48 гола во дебитантската сезона на островот, а неодамна на својот Инстаграм профил ја откри тајната на својот легендарен успех.

На сликата позираше со две литри млеко, а во описот напиша „јас и мојот магичен пијалок“.

Во тоа големо влијание има и неговиот татко Алфи, кој лично се понуди да ги измолзи кравите во Норвешка и млекото да му го достави на напаѓачот за да му помогне да ја одржи добрата форма. На Норвежанецот не му е непозната идејата за одржување на добра форма, бидејќи ја подигна својата кондиција на повисоко ниво додека играше во Борусија.

-За 15 месеци се здебели 12 килограми мускули, секогаш беше прв на бифето со храна, тоа не беше нормално. Стекна мускули од темел, поради генетиката неговото тело добро реагира на тренинзите, изјави неговиот поранешен тренер Ерејс Стинслид.

Норвешкиот напаѓач користи специјални техники за циркулација, а застрашувачки е фактот што дневно внесува 6.000 калории, два и пол пати повеќе од обичен човек, а претходно изјави дека му е многу важно каква храна јаде.

-Најважно ми е да јадам квалитетна, локална храна. Луѓето велат дека месото е лошо, но кое од Мекдоналдс?, изјави Норвежанецот.

Треба да знаете
Последни објави