Мајнц го шокираше Баерн

Мајнц го совлада Баерн Минхен со 3-1 и приреди големо изненадување во Бундеслигата, особено што гостите водеа со 1-0 по првото полувреме. За Баерн ова е четврти пораз сезонава, втор во последните пет кола, а дојде и веднаш по испаѓањето од Лигата на шампионите.

Поразот на Баерн ја израдува Борусија Дортмунд која со победа над Ајнтрахт, вечерва може да го преземе првото место на табелата на пет кола до крајот на сезоната.
На другите три меча попладнево, победија гостите. Волфсбург со 5-1 го прегази Бохум, Вердер со 4-2 славеше во Берлин против Херта, а Келн со 3-1 го надигра Хофенхајм.

Треба да знаете
Последни објави