Трката од Ф1 за Големата награда на Монако може да не се одржи поради протести во Франција

Големата награда на Монако би можела да биде откажана поради можни прекини на струја кои се случуваат поради протестите во Франција, пишува „Racingnews365“.

Во Франција старосната граница за пензионирање треба да се зголеми од 62 на 64 години, а луѓето ќе имаат право на целосна пензија само ако работеле најмалку 43 години. Поради овие реформи во земјата се одржуваат протести, вклучувајќи го и синдикатот на енергетскиот сектор.

Големата награда на Монако е закажана за периодот 26 – 28 мај. 

Треба да знаете
Последни објави