Напаѓачот на актуелниот штпански и европски фудбалски првак Реал Мадрид, Марко Асенсио изрази надеж дека ќе го продолжи договорот со тимот од „Сантијаго Бернабеу“.
– Го сакам Реал Мадрид и се надевам дека ќе останам тука. Поминав низ многу тешки времиња, мадриѓаните ме поддржуваат, разбираат како се чувствувам и колку го сакам овој клуб, изјави Асенсио.
Дваесет и седумгодишниот Шпанец го постигна првиот гол во синоќешната победа (2:0) над Селта.
Важечкиот договор на Асенсио со Реал истекува ова лето. Тој оваа сезона забележа 40 настапи, постигна 10 гола и шест асистенции.