Воска Спорт режираше пресврт во судиското продолжени на дербито со Вардар

Лидерот во второлигашката фудбалска конкуренција во Македонија, Воска Спорт од Охрид пред пазни трибини попладнево на стадионот во СРЦ „Билјанини Извори“ среќно стаса до трите бода од дербито во 25. коло со скопски Вардар (2:1). Во драматичен натпревар, со пресврт направен во судиското продолжение Воска освои значајни бодови со кои се доближи до прволигашка промоција.

Воска сега има 6 бода предност пред Вардар, кој иако остана со играч помалку уште во 32 минута, кога беше исклучен Мишковски, успеа да поведе во 41 минута преку Папули и предноста да ја има се до почетокот на судиското продолжение. Вардар водството го чуваше до 91 минута кога, најпрвин Јашароски израмни на 1:1, а веќе во следниот напад Адем погоди за голема победа на Воска.

Поразот на Вардар го искористи Гостивар кој го совлада Кожуф и се искачи на 2 место.

Втора лига 25 коло, резултати: Воска спорт – Вардар 2:1, Беса – Арсими 1:0, Караорман – Борец 4:0, Беласица – Пелистер 2:1, Каменица Саса – Охрид 2:1, Гостивар – Кожуф 5:1, Локомотива – Детонит 1:3, Слога Виница – Тетекс 1:1.

ТАБЕЛА: Воска 62 бода, Гостивар 58, Вардар 56, Пелистер 50, Детонит П. 44, Беса 39, Арсими 36, Беласица 35, Охрид 34, Караорман 34, Кожув 30, Локомотива П. 21, К. Саса 21, Слога В. 18, Тетекс 16, Борец 2.

Треба да знаете
Последни објави