Дербито во италијанската фудбалска Серија А во рамките на 31. коло одиграно во Торино меѓу домаќинот Јувентус и Наполи му припадна на гостинот од Неапол (0:1). Новиот шампион во најава Наполи победничкиот гол го постигна во судиското продолжение. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас асистираше во 94. минута, а Распадори го совлада Шчешни, за Наполи да ја освои „старата дама“.
Мечот понуди повеќе жолти картони за домаќинот, а исто така и ВАР беше во центарот на вниманието затоа што поништи гол за Јувентус во самиот финиш. Но, имаше и еден спорен момент во првото полувреме, според многумина, на „бјанконерите“ им беше простен црвен картон.
Наполи е прв на табелата со 78 бода. Лацио е втор со 61 бод. До крајот на калчото има уште седум кола, што значи дека за коло или две, ако победат, фудбалерите на Наполи официјално ќе бидат шампиони.