Во јужниот шпански град Малага уапсени се четири лица осомничени дека ограбиле или се обиделе да ограбат 15 станови. Тие припаѓаат на патувачка хрватско-српско-италијанска банда, соопшти денеска шпанската полиција.
За време на велигденските празници, кога многумина ги напуштаат своите станови, во Малага е забележана серија обиди за грабежи, при кои провалниците ги кршеле бравите.
За ова полицијата осомничила две жени и двајца мажи кои престојувале во хостел.
Жените ги кршеле бравите и влегувале во становите, додека мажите внимавале никој да не наиде на нив, соопшти полицијата.
Полицијата ги уапсила четирите неименувани лица во хостелот и кај нив пронашла алат за заклучување, накит, пари и парфеми за кои смета дека биле украдени.
Осомничените се изведени пред истражен судија.
Шпанија со години е на удар на банди, кои локалната полиција често ги нарекува „семејни кланови“, а чии членови имаат хрватски, српски и италијански документи.
„Постојано се селат од еден до друг дел на земјата и не се задржуваат никаде долго, што го отежнува нивното пронаоѓање и приведување“, велат од полицијата.
Водачот на бандата потоа го пренесува пленот во земјите од каде потекнуваат додава шпанската полиција.