Фејсбук статус на Фатмир Битиќи
„Докажавме дека во криза победува солидарноста и гледањето во можностите, па така денеска кога се означува крајот на оваа грејна сезона, можеме да си честитаме за бирање на правиот пат за минување низ неа.
Наспроти црните сценарија кои ги кроеше опозицијата, со цел заплашување и креирање паника кај граѓаните, со кои најавуваа рестрикции и прогнози дека цената на струјата драстично ќе се зголеми, помеѓу 30 до 40 проценти. Ништо од тоа не се случи.
Не само што имаше доволно електрична енергија без ниту еден ден рестрикција, туку и цената на струјата на домаќинствата не се зголеми, поточно стана поскапа само за оние кои трошат многу. Владата субвенционираше 80% од сметките за струја на граѓаните. Како резултат на мерките и политиките на Владата, дури имаме и намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи, за 72.000 компании кои вработуваат 98 отсто од работниците во државата.
РЕК Битола работеше со целиот расположлив капацитет за непречено обезбедување на електрична енергија од домашно производство. Им благодарам на вработените во РЕК Битола за сите напори кои ги вложија за да одговорат позитивно на предизвикот во целиот овој период на енергетска криза.
Оваа зима за првпат во последните 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија во Северна Македонија, дури 87% се обезбедени од домашните производствени капацитети, додека само 13% се обезбедени од увоз. Дотолку повеќе, стабилниот енергетски систем отвори можност да се разгледа опцијата за враќање на дневната евтина тарифа.
Северна Македонија ќе продолжи по патот кон енергетска диверзификација и праведна транзиција кон обновливи извори на енергија.
Континуирано расте интересот за инвестиции во обновливи извори. Само од 1 јануари 2022 година до 28 февруари годинава, во земјава има изградено и пуштено во употреба нови фототанапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 мегавати од обновливи извори што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија.
Во првите три месеци од годинава се издадени 170 лиценци за фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 мегавати за производство на струја, додека пак за целата мината 2022 година имало вкупно 267 лиценци.
Веќе се размислува за унапредување на легислативата за отворање можности за складирање на електричната енергија од обновливи извори на енергија и од страна на државата како и од страна на приватни инвеститори.
Тоа е важно како можност инвеститорите да инвестираат во батерии со цел да имаат производ што ќе трае подолго. Ако производителите на струја од фотоволтаици имаат резерви струја по 19 часот, тоа ќе биде корисно и за компаниите и за граѓаните.