ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС без компас, експертите и народот не ги поддржуваат па предложиле поддржувач на Путин да крои уставни амандмани

Ковачевски и СДС без компас, експертите и народот не ги поддржуваат па предложиле поддржувач на Путин да крои уставни амандмани.

Ковачевски и СДС само декларативно се претставуваат како про НАТО и про ЕУ, во суштина влечат длабоки корени со структури со сомнителни политички и лични врски, како Јагода Митревска, која од поддржувач на Путин станува експерт на СДС и Ковачевски.

Јагода Митревска, експертот на Ковачевски и СДС не се крие дека е поддржувач на Путин, има фотографии кои покажуваат како таа гордо се слика пред простории на партијата на Путин.

Ковачевски и СДС ја носат државата во ќорсокак.

Анационалните политики на СДС ја уназадуваат Македонија.

Потребни се промени.

Треба да знаете
Последни објави