Резилот против Њукасл му пресуди на привремениот тренер на Тотенхем

Кристијан Стелини (48) е разрешен од функцијата привремен тренер на Тотенхем, заедно со неговиот стручен штаб. Неговата позиција до крајот на сезоната ќе ја преземе Рајан Мејсон, кој по втор пат ќе го преземе тимот на привремена основа, откако минатиот пат го наследи Жозе Мурињо.

– Неделниот натпревар против Њукасл беше целосно неприфатлив. Беше поразително да се види. Можеме да погледнеме многу причини зошто тоа се случи, но јас, Управата, тренерите и играчите мора да преземеме колективна одговорност. Во крајна линија, одговорноста е моја – изјави Стелини по фијаското.

Клубот му се заблагодари на Стелини што „стапил на функцијата во тежок период од сезоната“ и што „професионално се однесувал во толку предизвикувачки период“.

Новиот тренер Рајан Мејсон е запознаен со клубот и наскоро ќе биде запознаен со новиот стручен штаб.

– Денеска се сретнав со Комитетот на играчи. Тимот е решен да ги здружи силите за да обезбеди најсилен можен финиш на сезоната. На сите ни е јасно дека мора да пружиме настапи кои ќе ја заслужат поддршката од навивачите – изјави претседателот на клубот Даниел Леви.

Во својот краток мандат, Стелини победи на само еден од четирите натпревари, а неделниот пораз од Њукасл со 1:6 беше пресуден за неговата судбина.

Треба да знаете
Последни објави