Фејсбук статус на Оливер Спасовски
„Со граѓаните на Радовиш се сложивме – СДСМ ја гради државата и се грижи за работниците!
Покрај зголемени плати, создадовме достоинствени услови за работа – Градиме нови и реконструираме постоечки објекти за полицијата, основни и средни училишта, за детски градинки, за болници и здравствени домови.
Горд сум што реконструиравме 78 објекти на МВР, некои реконструирани и после 70 години! Пред точно една година го пуштивме во употреба реновираниот објект на Одделението за внатрешни работи – Радовиш. И тука не застануваме!
80 детски градинки изградивме од почетокот на мандатот во 2017 па до денес, а многу населени места во овој период за првпат добија градинка.
Завршена е реконструкцијата на 29 училишни објекти и е започната во 21 училиште. Како што најавивме, следува реконструкција на 118 училишни објекти во целата држава. И ќе започнеме со целосна реконструкција на сите 9 државни студентски домови.
Во здравството, реализирана е набавка на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, во соработка со Светска банка,во вредност од 13.6 милиони евра.
Во овој момент тече изградбата на уште 481 социјални станови.
Рамо до рамо сме, со граѓаните, до победа!