„Да кажеме НЕ на уништувањето на ГЕОГРАФИЈАТА како предмет!“. На овој начин преку петиција објавена на интернет пред неколку часа се бара да се задржи статусот на географијата како посебен предмет, а не да се комбинира со други, како што е предвидено со новата концепција во основното образование.
Се наведува дека географијата е спој помеѓу природните и социо-економските карактеристики на просторот, а со концепцијата овие две нишки целосно се одвојуваат и вештачки се спојуваат со други предмети, што ќе доведе до несогледливи последици, како по учениците, така и по наставниците.
Се вели дека е неопходно модуларно изучување на наставните содржини и теми по предметот природни науки во петто и шесто одделение, а не сите содржини кои се однесуваат на предметите: географија, биологија, физика и хемија да ги предава еден наставник.
Едно од барањата во перицијата е задржување на статусот на географијата како посебен предмет (најмалку во седмо, осмо и деветто одделение) согласно нејзиниот комплексен карактер како научна дисциплина. Односно исклучување од предметите природни науки и историја и општество.
Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет е доставена до МОН, БРО и Претседателот на државата.
ЛИНК до петицијата.