Додека се соочуваме со предизвиците на зголемената инфлација, која предизвика раст на цените во сите индустрии, па и во млечната, Бимилк деновиве излегува на пазарот со гратис количина на омилените млечни производи, сега достапни во поголеми пакувања, а по истите цени како постоечките производи:
Битолски јогурт 1450г + 250г;
Битолски густ јогурт 1450г + 250г;
Баланс+ 1450г + 250г;
Битолско кисело млеко 400г + 80г.
„Сметаме дека нашите производи се неприкосновен дел од секојдневната здрава исхрана, а Бимилк како компанија која создава производи со врвен квалитет – докажан повеќе од 70 години, секогаш е посветена да ги задоволи потребите на нашите потрошувачи. Секој денар е важен, а ова се времиња кога тоа особено значи. Токму затоа оваа кампања има за цел да ја покаже нашата благодарност кон верните потрошувачи и нивната лојалност. Активно ги следиме нивните потреби и оваа кампања е одговор на тоа“ – истакнува Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на Бимилк.
Оваа понуда може да се искористи со посета на најблиската продавница во која ќе го најдете омилениот вкус на јогурт и кисело млеко. Истата ќе трае еден месец, до потрошување на количините во маркетите.
Бимилк е општествено одговорна компанија која е посветена на обезбедување најквалитетни млечни производи секогаш достапни за своите потрошувачи, а оваа кампања е еден од начините да се покаже таа посветеност, особено сега кога овие промени на цени влијаат врз куповната моќ.