Движењето Беса ќе гласа против вклучувањето на Бугарите во Уставот ако формулацијата 20% не се замени со албански јазик. Потпретседателот на Беса, Фатмир Лимани во емисијата „200“ на Алсат, рече дека Беса не е против вклучување на Бугарите во уставот, но инсистираат да се прифати нивниот амандман.
“Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот. Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20%. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се брише 20% како дефиниција внатре во Уставот, Беса ќе гласа против. Ова не е условување“, рече Фатмир Лимани, потпретседател на Беса во емисијата “200„ на Алсат.
Лимани рече дека Беса не условува затоа што сите партии се согласни да се брише 20% од Уставот. Според него, претседателот на ВМРО, Мицковски не е против бришење на 20%.
“Ние не условуваме. За ние да условуваме треба да има страна која не се согласува. ВМРО отворено кажа дека нема проблем да се брише 20%. Претседателот на државата пред некој ден изјави дека тоа не е проблем. Тоа не е условување. Тоа е легитимно право, дури тоа е гарантирано и со потпишувањето на договорот од Охрид. Тоа не е условување. Ние како Беса имаме поднесено амандман во Владата која потоа ќе го достави во Собрание тоа барање за уставни измени“, додаде Лимани, потпретседател на Беса во емисијата 200 на Алсат.
Лимани рече дека Беса нема да учествува во работната група за составување на уставните амандмани.