Двегодишно дете е повредено во градинка во Белград откако воспитувачката му ја приклештила раката на влезната метална врата.
Полицијата на 20 април околу 15.40 часот била известена дека на Детската клиника било донесено дете во придружба на неговата мајка и воспитувачка од градинка.
Утврдено е дека при затворањето на портата, воспитувачката му го штипнала палецот од десната рака на детето.
Во болницата констатирани се тешки физички повреди и извршена е делумна ампутација на палецот на десната рака, пренесуваат српските медиуми.
Во врска со повредата на детето, Првото основно јавно обвинителство Белград наложило полициската станица Звездара да земе изјави од воспитувачката и мајката на повреденото дете, да се обезбеди видео од надзорот во градинката, како и медицинската документација за видот и тежината на повредите на детето. По сите потребни проверки, Обвинителството ќе процени и ќе донесе одлука дали има елементи на кривично дело или се работи за несреќен случај.