Се одложи денешното рочиште за завршните зборови во судскиот процес за пожарот на тетовската модуларна болница. Причина беше отсуството на првообвинетиот во овој случај, Флорин Бесими, кој поради здравствени причини не можел да дојде во судница.
Неговиот адвокат на почетокот на седницата го известил судијата Јордан Велковски за отсуството на неговиот клиент бидејќи имал температура.
Следното рочиште за завршните зборови е закажано за 10 мај.