Џуд Мекфи се изјасни за виновен за убиството на Вилијам Лајпер, чие изгорено тело беше пронајдено во близина на детско игралиште во парк во Полок, Глазгов.
Мекфи (42) го нападна и уби Лајпер (31) во август 2021 година. Потоа неговото тело го пренел во паркот и го запалил. Изгорените останки на жртвата биле пронајдени на 4 август, пишува Sky News.
Вчера Мекфи се изјаснил за виновен за убиство од небрежност пред судот во Глазгов. Соучесникот Кристофер О’Рајли (27) се изјаснил за виновен за обид за попречување на правдата по убиството.
„Ова беше особено брутален напад и одговорните се обидоа да го прикријат злосторството. Тие оставија изгорено тело во паркот спроти детско игралиште“, рече детективката Сузан МекНулти од главниот истражен тим на полицијата во Шкотска.