Османи заминува во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Брисел, при што ќе се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) и инаугуративната Пленарна сесија 2023-2025 на Европскиот Економски и Социјален Комитет, на дискусија за зајакнувањето на демократијата, европските вредности заедно со граѓанското општество во земјите кандидати за членство во ЕУ.

На утрешната агенда на Османи ќе биде и дискусијата на тркалезна маса со известувачите во сенка и пријателите на Северна Македонија, Кристијан Сагарц, Илхан Ќучук, Марион Валсман, Тијс Ројтен, Масимо Касталдо, Влад Ботос, Андреа Шајдер и Ирена Јовева.

За време на престојот во Брисел, Министерот ќе оствари средби со лидерите на најголемите политички партии на Европскиот Парламент, претседателката на Социјалисти и Демократи (S&D), Ираче Гарсија Перез и претседателот на политичката група Европска народна партија (EPP), Манфред Вебер.

Треба да знаете
Последни објави