Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо многу веројатно нема да освои ниту еден важен трофеј во својата прва сезона во дресот на Ал-Наср во Саудиска Арабија. Неговиот тим е елиминиран и во полуфиналето на Купот на Саудиска Арабија откако загуби од Ал-Вехда со 0:1.
Победничкиот гол го постигна Жан-Давид Богел во 23. минута со „ножички“, а Роналдо во 81.минута ја погоди гредата.