Две подморници на руската Пацифичка флота во Јапонското Море изведоа вежба за напад со торпедо против лажна непријателска подморница, соопшти службата за односи со јавноста на флотата.
Вежбата се одржа во согласност со планот за борбена обука на флотата, се додава во документот.
На 14 април Русија почна ненадејна проверка на Тихоокеанската флота, која е ставена во највисоко ниво на подготвеност, како дел од инспекцијата насочена кон зајакнување на одбранбените способности.
– Главната цел на таа инспекција е да се зголеми способноста на вооружените сили да одбијат агресија на веројатен непријател од правец на океанот и морето, изјави тогаш Шојгу на државната телевизија.
За време на вежбата, беше симулирано непријателско слетување на рускиот остров Сахалин и неговите јужни Курилски острови, за кои Јапонија и Русија имаат територијален спор уште од крајот на Втората светска војна. ј