Шолц го кани кинескиот премиер во Берлин на разговори за мирот и климатските промени

Германскиот канцелар Олаф Шолц го покани кинескиот премиер Ли Чијанг на разговори во Берлин на 20 јуни, објави „Блумберг“.

Според агенцијата, повикувајќи се на својот извор, Шолц ќе има цел да го ангажира Пекинг како клучен партнер во прашања, како што се мирот и климатските промени, пренесе „Ројтерс“.

Шолц со германска деловна делегација ја посети Кина на почетокот на ноември кога беше договорено проширување на економската соработка меѓу двете земји.

Треба да знаете
Последни објави