Вардар експресно го заборави несреќниот пораз од лидерот во второлигашката фудбалска конкуренција Воска во Охрид и во денешното прекуредно 26. коло победи убедливо против Слога Виница (3:0), но не напредуваше на табелата во трката за позициите кои носат директен пласман во прволигашката конкуренција. Победи забележаа и Воска и Гостивар, но и Пелистер кој им дише во тилот на „црвено-црните“ за позицијата која води во баражот.
На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде Вардар е домаќин, до победата стаса со погодоците на Жоглев во 26. минута, Николовски во 46 и на Митев во 54. минута.
Воска Спорт ја задржа предноста на врвот го победи Кожуф на гости со 1:2. Бехар Фета беше стрелец на водечкиот гол за гостите од Охрид. Во вториот дел Христијан Бејков си постигна автогол, а надежта за Кожуф ја врати Михаил Попов.
Гостивар и понатаму е второпласиран, по триумфот над Арсими (0:2) на гостински терен со головите на Симеон Христов и на Антонио Каланоски.
Резултати: Тетекс – Беласица 3:2, Борец – Локомотива Пехчево 0:3, Детонит – Каменица Саса 5:1, Кожуф – Воска 1:2, Охрид – Беса 0:1, Пелистер – Караорман 2:0, Вардар – Слога Виница 3:0.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/04/Screenshot-2023-04-26-192010.png)