Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја критикуваше руската инвазија врз Украина, но рече дека никој не зборува за мир во, како што рече, „ненормалната војна“.
Добивај вести на вибер
Говорејќи за време на посетата на Шпанија, Лула рече дека е посветен на изнаоѓање мировна формула за ставање крај на конфликтот.
– Го разбирам европскиот поглед на оваа војна. Неприфатливо е една земја да изврши инвазија врз друга, но ова е војна во која не гледам некој да зборува за мир“, рече тој во говор на деловна конференција.
Лула налути многумина на Запад претходно овој месец кога ги повика американските и европските сојузници да престанат да испорачуваат оружје на Украина, велејќи дека ја продолжуваат војната, што ја натера Белата куќа да го обвини дека „повторува руска и кинеска пропаганда“.
По острата реакција, бразилскиот лидер ги ублажи своите коментари и за време на неговите посети на Португалија и Шпанија го осуди руското кршење на територијалниот интегритет на Украина.