Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски потпишал Договор со приватна агенција за вработување, за ангажирање на лица за времено вработување.
Вредноста на Договорот е седум милиони денари со ДДВ или околу 113.000 евра со важност од 12 месеци.
Секоја општина постојано потпишува договори за времени вработувања, со цел да се пополнат позиции кои не се опфатени со систематизацијата или времено на се заменат позиции кои се отворени поради боледување, породилно отсуство и слично, но многу често во јавноста ваквите договори се перцепираат како можност за ангажирање на партиски, роднински или пријателски кадри.