Корисниците на ТикТок синоќа имаа можност да проследат директен пренос на породување од гинеколошката клиника „Народен фронт“ во Белград. Медицинска сестра од таа клиника во живо го пренесувала породувањето на социјалната мрежа ТикТок, пренесуваат српските медиуми. Раководството на клиниката најостро ја осуди ваквата постапка на медицинската сестра и наведе дека е веднаш суспендирана, а покрената е и дисциплинска постапка, објавија српските медиуми.
-Згрозен сум од човечката глупост и грубост. Во 4:30 утринава, користејќи ТикТок, наидов на директен пренос на пораѓање. Повеќе од 200 луѓе го следеа пораѓањето во живо. Дали е можно како општество повеќе да немаме чувство за тоа што е правилно, а што не? Дали е можно некој да мисли дека треба да се стримува нешто толку интимно како породувањето? Налогот на ТикТок, како и сите лекари при раѓањето кои знаеле дека се емитува во живо, заслужуваат да одговараат кривично, а секако и граѓански, пишува жител на Србија, кој го објави скандалозното видео.
Но, медицинска сестра од ГАК „Народен фронт“ изјавила дека видеото е емитувано ненамерно.
-Сакам да објаснам за снимката во живо што се емитуваше од мојот профил во периодот од 04:00 до 05:00 часот на 26.04.2023 година. Видеото излезе во јавноста ненамерно. Во ноќна смена сите знаеме дека во ходникот е забрането користење на мобилни телефони, но кога нѐ повикаа на итен царски рез, јас само го оставив телефонот на еден држач, не бев свесна дека се вклучила камерата. Пред повикот во салата, ние последно нешто што гледавме беше Тик Ток. Од видеото се гледа дека никој во салата не бил свесен дека телефонот емитува во живо, напишала медицинска сестра.