Екипи на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, на потегот од булевар „Илинден“ до булеварот „Партизански одреди“.
– Оваа значајна сообраќајница е обновена на површина од 7350 м2 и во должина од 600 метри, со што се овозможува зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот. Градежните активности за реконструкција на улицата „Рузвелтова завршија пред предвиденот рок за завршување на истиот, а овој начин на реализација на новите градските инфраструктурни проекти, системски со претходно елиминирање на детектирани недостатоци, ќе резултира со брзо, навремено и квалитетно изведување, соопшти прес-службата на Град Скопје.