Силен земјотрес ја стресе Грција

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Грција. Според Европскиот сеизмолошки институт, земјотресот е регистриран на околу 158 километри североисточно од Ираклион.

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од 112 километри.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Треба да знаете
Последни објави