Уште еден смртен случај во Битолската болница – Почина бебе само два часа по породувањето

Почина уште едно бебе во битолската болница, само два часа од породувањето пишува А1он.мк.

Според А1он.мк мајката има 24 години и ова и била прва бременост. Вчера била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста. Лекарите рекле дека  станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.

Како што пишува А1он.мк во текот на утрешниот ден битолската болница ќе ја посети тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе ја утврдуваат причината за смртта на бебето. Со оваа ситуација запознан бил и министерот за здравство.

Треба да знаете
Последни објави