(Видео) Се запали па се урна руски МиГ-31 за време на тренажен лет

Руски борбен авион МиГ-31 се урна во регионот Мурманск за време на тренинг лет, соопшти во средата руското Министерство за одбрана, пишуваат руските медиуми.

-На 26 април борбен авион МиГ-31 се урна додека извршуваше рутински тренинг лет во областа Мурманск. Авионот се урнал во напуштена област. Двајцата пилоти се катапултираа. Тие беа итно евакуирани со хеликоптер за пребарување и спасување. Нивниот живот и здравје не се загрозени, посочуваат од Министерството за одбрана.

МиГ-31 е суперсоничен ловец-пресретнувач со исклучително долг дострел. Тоа е првиот советски борбен авион од четвртата генерација, вооружен со топ од 23 милиметри. Некои МиГ-31 можат да носат различни типови на ракети воздух-воздух и воздух-земја, меѓу другите тие можат да носат и хиперсонични ракети Кинжал.

Треба да знаете
Последни објави