Димитриевски на средба со унгарскиот амбасадор Клаин

Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин денеска ја посети општина Куманово и оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски, информираа од општината. На средбата била потенцирана досегашната успешна соработка, соработката на полето на економијата, културата помеѓу двете држви.

-Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор во земјава Андраш Клаин и економскиот советник Сандра Харастиа, коишто се во прва официјална посета на Општината.
На средбата, беше потенцирана досегашната успешна соработка и промоција на економијата, културата и традицијата на двете земји, кои имаат воспоставено долгогодишни дипломатски односи, информираа од општината.

Треба да знаете
Последни објави