Жесток напад на Русите врз Николаев, многумина ранети, меѓу кои и едно дете

Бројот на повредени во рускиот напад врз украинскиот град Николаев се зголеми на 23, меѓу кои и едно дете, а едно лице загина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на кое се гледа штетата предизвикана од рускиот напад врз Николаев во текот на ноќта.

Зеленски напиша дека Русија не престанува да докажува дека главната цел на војната е теророт и уништувањето на Украинците и се што е украинско, објави Гардијан.

Во текот на ноќта Русија го гранатираше Николаев со четири проектили истрелани од Црното Море, а оружјето со висока прецизност беше насочено кон приватни куќи, историска зграда и повеќекатница.

Треба да знаете
Последни објави