Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување „ЗА или ПРОТИВ” на телевизија Алфа, истакна дека според податоците на Евростат, Македонија е прва на табелата по однос на највисоко ниво на раст на цените за електрична енергија од 327 отсто.
Вчера од страна на Евростат беа објавени податоците за цена на електрична енергија. Македонија е прва на листата на табелата на највисоко ниво со раст на цена на електрична енергија од 327 отсто, тоа е многу односно 4,2 пати раст на цена на електрична енергија за потрошувачи, не за домаќинства во рамка на потрошувачка од 500 до 2 илјади мегават часови. Тоа се сите останати сектори освен домаќинства во кое имаме највисок раст на цена на електрична енергија. На рангот на цена евро мегават час сме на петто место, вели Кадиевска Војновиќ.
Кадиевск Војновиќ потенцираше дека граѓаните во Македонија плаќаат највисока цена на струјата, за разлика од сите земји во регионот.
И податоците за домаќинства не се добри бидејќи плаќаме највисока цена на струја за домаќинства од сите земји во регионот и имаме највисок раст на цена на домаќинства од кога е започната енергетската криза од сите земји во регионот, рече таа.
На крај се поставува прашањето од каде ни дојде инфлацијата, епа еве од тука ни дојде инфлацијата. Од тука ни дојде од „успешното” справување со енергетската криза која генерираше зголемен трошок за фирми, притисок за раст на плати бидејќи инфлацијата беше генерирана едно од друго. Сметката тек допрва ќе се види во блокирани фирми, отворени стечајни постапки и ликвидност во компаниите, смета Кадиевска Војновиќ.