Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на панел дискусијата на тема „Регионалните иницијативи и европската интеграција” организирана по повод Денот на македонската дипломатија, 29 април.
Во своето обраќање претседателот Пендаровски се осврна на суштината на регионалните иницијативи, на нивната улога и значење, и воедно го искажа својот став за Европската политичка заедница. Во тој контекст, претседателот потенцираше дека европските регионални иницијативи треба да бидат комплементарни и во функција на европските интеграции, а не да претставуваат нивна алтернатива.Учесници на панел дискусијата, која што е во организација на Дипломатскиот клуб и Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, беа амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, заменик на министерот за надворешни работи, Фатмире Исаки, извршениот директор на Стопанска комора на Македонија, Антони Пешев, генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум, Татјана Штерјова Душковска и амбасадор Јован Теговски.
Видео-материјал: https://youtu.be/yW4iYOxtUAU