Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов денеска заедно со Виктор Велевски како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” беше меѓу граѓаните на општина Велес.
– СДСМ е партија која се грижи за граѓаните, особено за младите. Како дел од мерките и политиките за задржување на младите луѓе дома обезбедивме младински додаток од 3.000 денари месечно за млади до 23 години вработени во производство и овој додаток минатата година го користеле околу 3.500 млади лица. Истовремено го зголемивме и додатокот за субвенциониран студентски оброк, за повеќе пари и подобар стандард на студентите и тоа е патот по кој ќе продолжиме, посочи Костадинов.
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска и Марко Ѓеоргиевски беа во посета на општина Свети Николе, каде порачаа дека токму Владата на СДСМ успеа да го реши проблемот на стечајните работници, да воведе државна социјална пензија и да го зголеми опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток, со цел да се зајакне степенот на социјална заштита и граѓаните да живеат подобро.
– Грижата за работниците, за пензионерите, за ранливите, за самохраните родители, за младите и поддршката на семејните буџети е константа во работењето на СДСМ. Меѓу првите одлуки на оваа Влада беше системското решение за раст на минималната плата, ги покачувме пензиите за рекордни 16% и просечната плата до над 34.000 денари. Знаеме дека трудот на секој работник мора да се цени, да се почитува и да биде соодветно платен, рече Тренчевска на маалска средба, рамо до рамо со граѓаните на Свети Николе.