Советот на јавни обвинители е изненаден и навреден од изјава на колешката Ленче Ристовска искажана на конференција на која се дискутиурало за унапредување на правосудството. Не можат да ја казнат, но бараат Етичкиот совет да ги преиспита наводите кои Ристовска ги изнела како гостин и кажала дека во Советот се тргува со влијание. Во изјавата нема наведено конкретни случаи и имиња на поединци, а сепак исказот на поранешната специјална обвинителка ги разбранува духовите, посебно во правосудниот систем кој постојано е на удар и под присмотра.
-Нека зборува што сака, но тоа да го поткрепи со факти ѝ порача првиот обвинител на својата колешка, вели Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавни обвинители. Тој и порача на Ристовска наместо да критикува да достави извештај што сработела во изминатите години.
Во јули 2021 година, Советот на јавни обвинители воведе нов член во Етичкиот кодекс со кој им се забранува на обвинителите „да ги коментираат во јавноста одлуките донесени од Советот на јавните обвинители“, откако Ристоска јавно побара објаснување зошто мнозинството во Советот гласаше против нејзино унапредување.