ЕУ ја потврди средбата меѓу Вучиќ и Курти на 2 мај во Брисел

Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано потврди дека на 2 мај ќе има средба меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, како дел од дијалогот за нормализација на односите.

Имено, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во вторник на 2 мај во Брисел ќе свика состанок на кој учеството го потврдија српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Високиот претставник, со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, со почеток во 18 часот ќе одржи заедничка средба со лидерите.

На средбата ќе се разговара за спроведувањето на Договорот за нормализација меѓу Косово и Србија.

Треба да знаете
Последни објави