Објавена снимка од убиството на хрватскиот криминалец Сабљо

Револверот во десната рака на Томислав Сабљо (41) е вперен во Кристијан Кнегo (37). Тоа е дел од 19-минутната снимка на надзорните камери во ноќниот клуб Риц, кои ги снимиле последните минути од животот на Сабљо, но и кога веќе бил погоден, паднат мртов од истрелите испукани во него од Кнего од пиштолот „браунинг“, на второобвинетиот Доријан Мраковиќ (26).

Видеото трае 19 минути и 13 секунди, но всушност последните три минути се пресудни бидејќи Томислав Сабљо по секоја цена се обидува и го зема револверот од Горан Видовиќ кој му завршува во рака, а тоа за него беше кобен момент.

На социјалните мрежи е објавена снимката од убиството на познатиот хрватски криминалец во ноќниот клуб „Риц“. Сабљо беше убиен во саботата во 4 часот и 40 минути по судир со обезбедувањето, а досега се уапсени двајца осомничени. За убиството е осомничен Кристијан Кнего, шеф на обезбедувањето на клубот, а уапсен е и Доријан Мраковиќ, суспендиран загрепски полицаец, кој му го дал пиштолот од кој обезбедувачот пукал кобната вечер.

Се појавија нови детали од убиството на Томислав Сабљо.


Треба да знаете
Последни објави