Трипуновски: АД Водостопанство со неисплатени плати на 600 вработени и долг од 58 милиони, а директорот Лимани испраќа 12 вработени на екскурзија во Грција

Фејсбук објава на Цветан Трипуновски претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

„Додека над 600 вработени во АД Водостопанство се оставени без плата и здравствено осигурување, а сметката на истото е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денар, директорот Локман Лимани испраќа 12 вработени на четири дневна екскурзија во Грција.
Институциите не функционираат, земјоделците се целосно заборавени, нивите се оставени без систем за наводнување, директорот наместо да почне да ги решава проблемите, испраќа учесници на екскурзија во соседна Грција.
За срамот да биде поголем, Управата за јавни приходи на терен ги прибира податоците од возилата и багерите во сопственост на претпријатието,  се со цел преку заплена на истите, а потоа и нивна продажба да го наплати неисплатениот данок на АД Водостопанство.
Само за информација, во септември месец, МЗШВ додели финансиска помош од 200 милиони денари за исплата на 3 задоцнети плата на вработените.
Ова претпријатие е загубар, а вработените го трпат неработењето и неспособноста на владеењето на Лимани и Николовски. Македонија тоне на секое поле, и на ова мора да се стави крај.
Бараме на следната седница на влада, итно разрешување на директорот Лимани и министерот Николовски кои се најодговорни за ваквото недомаќинско работење.

Треба да знаете
Последни објави