Објавен судискиот записник: Познато кој за што е обвинет и исклучен во тепачката на мечот Реал- Партизан

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Партизан вчера беше прекинат, но какви се одлуките на судиите?

Вториот натпревар од плеј-офот остана во сенка на општата тепачка, а се уште не е пзонато какви казни ќе добијат учесниците. Според многумина ова е најголемиот срам во европската кошарка, а неофицијално се најавува дека Реал Мадрид поднесол жалба.
Наводно Шпанците сметаат дека сите играчи на Партизан биле исклучени, додека кај нив не, па затоа тие требало да го добијат натпреварот?!
Секој играч кој влета на терен во тепачката автоматски доби исклучување. Како и секој член на петорката кој учествуваше во тепачката. На сајтот на Евролигата наведени се казните кои ги дале судиите, а сугерираат дека Реал Мадрид нема основа да се жали.

Зек Ледеј не е исклучен во Партизан, а од друга страна некако тоа успеал да го избегне Серхио Љуљ кој започна се. Баш како ни Полари кој ја напушти играта поради пет лични грешки.
Сите овие одлуки се донесени откако судиите по мечот повеќе пати ги прегледале снимките.

И сега што ги чека виновниците? Евролигата ќе донесе одлука во текот на денот, а ние ви пренесуваме дел од правилата, па вие проценете кој и колку ќе биде казнет.
Видови прекршоци:
– Физичка агресија кон судиите, друг поединец, публика, навивач или воопшто кон која било личност

– Дејство кое предизвикува дефинитивен прекин на натпреварот според членовите 30 до 33 од правилата на Евролигата или Еврокупот
– Закани, понижување или омаловажување на судии, друг поединец, публика или која било личност воопшто

– Дискриминаторски дејствија насочени вербално или физички кон судии, поединец, публика или кое било лице воопшто

-Потег или какво било однесување кое директно води до насилство

Следниве потези се третираат како мали прекршувања на правилата:
-Потег поради кој натпреварот ненормален број пати се прекинува
– Навреда или каков било потег што покажува непочитување кон судијата, публиката, кон друг поединец или кон која било личност воопшто, доколку таквите потези не доведат до сериозни прекршувања

-Постојани протести или непочитување кон судиите

-Користење средства или потези во текот на играта кои влијаат на добросостојбата на друг играч, кои не водат до сериозни прекршувања

-Обид за физичка агресија кон судијата, публиката, друг поединец, навивач или која било личност воопшто.

Ова се можни санкции за сериозни прекршувања:
– Глоба од 30.001 евра до 280.000 евра

– Забрана за влез во сала или учество во натпревари организирани од Евролигата, како и на натпревари и/или настани во период од една до четири години

– Привремена суспензија од натпреварите организирани од Евролигата во период од една до четири години

-Трајно исклучување од натпревари организирани од Евролигата

Ова се можните санкции за помали прекршоци:
-Предупредување

– Казна до 30.000 евра

– Забрана за влез во сала или учество во натпревари организирани од Евролигата, како и на натпревари и/или настани до една година

– Привремена суспензија од натпреварувањето во период до една година или суспензија на најмногу пет натпревари

Треба да знаете
Последни објави