Тројца загинати во пад на два хеликоптери на американската армија на Алјаска

Тројца пилоти на американската армија загинаа откако два хеликоптери Апачи се урнаа во централна Алјаска додека се враќаа од обука, јави Вашингтон пост доцна синоќа, цитирајќи воени претставници.

Хеликоптери АХ-64 Апачи од Форт Вејнрајт, американска воена база во Алјаска, се урнаа во близина на Хили, соопшти 11-та воздушно-десантна дивизија на Фејсбук.

„Првата помош е на лице место. Инцидентот е под истрага“, соопшти воената единица.

Минатиот месец девет војници загинаа во пад на два медицински хеликоптери за евакуација Блек Хок за време на рутинска ноќна мисија над Кентаки.

Треба да знаете
Последни објави