22 загубени животи во 2022 година и изгубено здравје на работниците кое државата ја чинеле 11 милијарди евра

Лани во земјава се случиле 169 несреќи на работно место, а 22 од нив завршиле со смрт, покажуваат податоците на Македонското здружение за заштита при работа.

Овие несреќи, според пресметките на Здружението, покрај човечките загуби и изгубено здравје на работниците државата ја чинеле повеќе од 11 милијарди евра, а директните загуби изнесуваат 468 милиони евра.

Во 2022 година најмногу несреќи има во Преработувачката индустрија 59, по што следи Јавна управа и одбрана 27 и Градежништвото 14. Најголем број на несреќи кои резултирале во смрт има во дејностите на домаќинства како работодавачи 8, градежништвото 6 и преработувачката
индустрија 3. Дејностите на домаќинства како работодавачи во голем дел ги опфаќаат
земјоделските работи на своите имоти. Доколку овие лица се регистрирани како земјоделци, тогаш голем дел од повредите би се припишале на дејноста земјоделство. Најголемиот број на несреќи во оваа дејност се случиле со земјоделска машина – трактор, при вршење на земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај. Исто така градежните зафати врз објектите од
домаќинството каде што имаше исто така зголемен број на повреди и смртни случаеви, покажува дека дејностите во домаќинствата се една од најчестите причини за настанување на несреќи при работа

Бројките на повредени при работа и смртни случаи кои ги објавува Здружението не се официјални и не ја отсликуваат фактичката состојба во земјава, бидејќи Здружението податоците ги собира од информации објавени во медиумите и од несреќите кои биле пријавени кај нив. Тие апелираат земјава да воведе систем според кој точно ќе се знае колку несреќи на работно место се случуваат, кои се причините и според тоа што треба да се преземе, работните места да не бидат причина за повреда и смрт на работниците.

Од здружението велат дека податоците на Институтот за јавно здравје до 2020 година говорат дека просечно годишно се регистрираат околу 1500 потешко повредени.

– Просекот на смртни случаи кај нас е загрижувачки висок и изнесува 3,17. Споредбено со претходната година е помал. Во Европската Унија во 2020 година просекот на загинати на работно место изнесуваше 2,11 – велат од Здружението.

Податоците покажуваат дека најголем број од несреќите на работно место се случиле во Скопје вкупно 39, по што следи Битола со 25 и Прилеп со 21 несреќа. Оваа година најголемиот број смртни случаи поврзани со работното место имало во Скопје 4, следат Струга, Струмица и Неготино со по 3 случаи.
Според секторите во кои се случиле несреќите, лани во преработувачката индустрија имало 59 несреќи, по што следи јавна управа и одбрана 27 и градежништвото 14. Најголем број несреќи кои резултирале во смрт има во дејностите на домаќинства како работодавачи 8, градежништвото 6 и преработувачката индустрија 3.

– Дејностите на домаќинства како работодавачи во голем дел ги опфаќаат земјоделските работи на своите имоти. Доколку овие лица се регистрирани како земјоделци, тогаш голем дел од повредите би се припишале на дејноста земјоделство. Најголемиот број на несреќи во оваа дејност се случиле со земјоделска машина – трактор, при вршење на земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај. Исто така градежните зафати врз објектите од домаќинството каде што имаше исто така зголемен број повреди и смртни случаи, покажува дека дејностите во домаќинствата се една од најчестите причини за настанување на несреќи при работа – велат од Здружението за заштита при работа.

Податоците на Здружението покажуваат дека најмногу несреќи на работно место со смртни последици се случиле во сабота 6, петок 4, четврток и недела по 3. Речиси ист број смртни случаи, по 2 имало во првите три работни дена од неделата, а исто така голем број на повреди имало и во другите денови од неделата од кои предничат вторник со 42 и четврток со 41 повреди.
Според резултатите добиени од анализа на несреќите при работа, по месецот во кој се случиле, најмногу несреќи се случиле во месец мај – вкупно 32. Во летните месеци се случиле најголем број смртни случаи, јули со вкупно 6 случаи е на врвот.

– Може да се забележи дека несреќите за кои во минатите години предничеа летните месеци, во 2022 година се во благ пад, но имаме пораст во повеќето други месеци особено зима и пролет – велат од Здружението.

Податоците покажуваат и дека најголем број несреќи – 20, се случиле на лица на возраст помеѓу 45-54 години. Најголем број несреќи со фатален исход – 8 има во категорија од истата возраст од 55-64 години.

– Во согласност со нашите податоци и оваа година поголемиот број повреди и смртни случаи спаѓаат во категоријата мажи. Од вкупно 165 несреќи, 4 од нив спаѓаат во категоријата жени, што е помалку од минатата година кога беа забележани 6 повреди во категоријата жени – велат од Здружението.

Од здружението велат дека несреќите на работа не ги засегаат само работниците кои се повредени и семејствата на загинатите лица, туку и целото општество.

– Доволно е да направиме пресметка колку од средствата на заедничките фондови, како што е Фондот за здравство, Пензискиот итн., ќе мора да бидат активирани за да ги покријат трошоците за лекување на повредените на работа и многу брзо ќе дојдеме до прогнозата на Меѓународната организација на трудот која предочува дека 4% од БДП во сиромашните земји оди во компензации на повредите на работното место. Во нашиот случај тоа би било (извор: Државен завод за статистика 2021 год.) околу 11,7 милијарди евра трошоците за компензации поврзани со повредите на работното место, а директните загуби би биле некаде околу 468.000.000 евра – велат од Здружението.

Здружението за заштита при работа почна да објавува податоци за несреќите при работа во континуитет од 2008 година.

Денеска е Меѓународен ден на заштита при работа. Во фокусот на овогодинешното одбележување е безбедна и здрава работна средина како основен принцип и право на работа.

Треба да знаете
Последни објави