Мицкоски на средба со ко-основачот Мајк Зафировски и бордот на директори на „Македонија 2025″

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски и членовите на ИК Трајко Славевски, Маја Кадиевска Војновиќ и Марија Митева остварија средба со ко-основачот на Македонија 2025 Мајк Зафировски и бордот на директори.

На средбата претседателот Мицкоски ја истакна својата загриженост за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Македонија,
дека државата секојдневно станува полоша поради високиот степен на криминал и корупција од страна на оваа власт и даде особен осврт за катастрофалната состојба во која се наоѓа економијата.

Воедно, претседателот Мицкоски ја истакна својата благодарност кон организацијата Македонија2025, за поддршката која тие со своето делување ја даваат на бизнис секторот и генерално на државата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во која има сериозна заложба и за идна поддршка и соработка.

Треба да знаете
Последни објави