Руски полковник обвинет за кражба на мотори на тенкови, ги продавал на црниот пазар

Руските власти уапсија полковник на нивната армија под сомнение дека украл мотори на тенкови вредни 20,5 милиони рубљи (околу 234.000 евра). 44-годишниот Александар Денисов е обвинет за кражба на седум мотори од главните борбени тенкови Т-90 во периодот од ноември 2021 до април 2022 година, пишува рускиот весник „Комерсант“, а пренесува „Скај њуз“.

Обвинителите рекоа дека полковникот Денисов од Јужниот воен округ ги продавал моторите на црниот пазар.

Властите го привеле во март, а тој пред судот се изјаснил за невин бидејќи „немало докази“ за неговата вина. Доколку судот го прогласи за виновен, му се заканува казна затвор до десет години.

Треба да знаете
Последни објави